Секоја година на 15 септември се одбележува Светскиот ден за подигнување на свеста за лимфом, пишува на неговата фејсбук-страница министерот за здравство Венко Филипче, кој како ништо да не било споделува „забавни факти“.
Кон одбележувањето на овој ден, во ек на Ковид-19 пандемијата се приклучува и ЈЗУ Универзитетска Клиника за Хематологија Скопје, со апел до населението за сериозноста на лимфомот како заболување и важноста од негова рана детекција и навремено лекување, што е возможно само преку заедничка соработка на пациентите и лекарите. Од почетокот на пандемијата, забележано е континуирано опаѓање на бројот на новодијагностицирани пациенти со лимфом, што за жал се должи на ненавременото посетување на матичните лекари, со што се пролонгира раното дијагностицирање кое е од огромна важност кај малигните заболувања. За таа цел, Клиниката за хематологија во Скопје, отвори електронската амбуланта, со која се поедноставува комуникацијата помеѓу матичните лекари и хематолозите. Министерството за здравство и покрај сите предизвици кои ги носи пандемијата со Ковид 19, се залага за рано и навремено откривање на ова заболување како и достапност на современа терапија на Универзитетската Клиника за Хематологија, со која се обезбедува навремено и соодветно лекување со што им се овозможува на граѓаните со ова заболување да добијат шанса за долг и квалитетен живот, пишува министерот во „оставка“.
Претходно Филипче на „Фејсбук“ извести и за, како што пишува, редовната координација со директорите на Клиниките, на која се разговарало за болничките капацитети, состојбата на болните, актуелната епидемиолошка состојба.
На денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски објасни дека оставките на Филипче и неговиот заменик Илир Хасани се доставени до премиерот и се архивирани.
Премиерот, рече Арсовски, веќе објасни дека проценката и одлуката по однос на поднесените оставки ќе ја базира, исклучиво на фактите од истрагата, согласно утврдените причини за избувнувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово.
Очекувањата се тоа да се случи во следниот период. Премиерот, исто така, апелираше за брза и темелна истрага, изјави Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.