Протест против срамот и неспособноста на Заев и Филипче! Оставка Филипче! Зоран Заев и Венко Филипче се причината за големиот број на заразени и починати од КОВИД 19 од 1 јануари до денес. Заев и Филипче не обезбедија вакцини“.

Вака Градски комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ излезе со повик до граѓаните за протест против срамот и неспособноста на Заев и Филипче пред МЗ во сабота во 11:30 часот.

Наместо вакцини, Заев и Филипче тргнаа по провизии. До толку се криминогени, што и од вакцини сакаат да земат провизија.

И додека тие се мислат како да профитираат, Србија и земјите од соседството се лидери по имунизација.

Условите се толку лоши што пациенти лежат до починати лица, други примаат инфузија во двор на болница, а трети не можат да дојдат на ред да влезат.

Со Заев и Филипче Македонија ја проголта срам. Сабота 11.30 часот пред министерството за здравство. Да кажеме не за лошите политики и губењето животи – порачаа од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.