Министерот за јавна администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски вчера ги нападна Стојанче Стоилов и Борко Ристовски за нивните изјави и гестови со кои јасно кажаа дека се противат на менувањето на името на државата во Македонија.

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски му одговори на министерот Манчевски преку својот Твитер профил и жестоко го искритикува.

Ти си политичар. Зошто се мешаш во спортот со вакви пораки? Ако некој наш репрезентативец е против вашето предавство, тој е политичар? Не е, туку си ја сака државата, за разлика од вас. Засрами се, Дамјане. Остави ги Македонците да играат за Република Македонија, напиша Димовски на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.