Останатите три македонски автобуси, кои превезувале дел од групата од Истанбул до Скопје, рано утринава околу 5 часот поминале низ граничниот премин Гуешево и се вратиле во Македонија, потврдија за БНР граничните власти.
Несреќата предизвика и политичка кавга во Бугарија, откако повеќе експерти обвинија дека тешката сообраќајна несреќа можеби е резултат на лошата состојба на патот каде што се случи таа, по што партијата ГЕРБ имаше прес конференција и порача дека политичката кампања е завршена и треба да престане водењето политика со мртви луѓе. Тие тврдеа дека патот е во добра состојба.
Сепак од Мистерството за регионален развој ќе ја проверуваат состојбата на патната делница каде што се случи несреќата. Утринава беше формирана работна група и на лице место се испратени претставници од министерството и Агенцијата за патна инфраструктура.
За пријавите за бројни сигнали за концентрација на сообраќајни незгоди во оваа делница, од бугарските инстотуции соопштија дека ќе се проверуваат досиејата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.