Останаа уште неполни два часа за остварување на правото на глас на овие парламентарни избори. За разлика од сите досегашни избори денеска Македонија гласа до 21 часот. Ковид-19 влијае на гласањето за да се избегнат турканици на гласачките места, и да им се остави на граѓаните повеќе простор и време слободно да ја изразат својата волја.

Запазени се безбедносните мерки- се гласа со маска, се дезинфекцираат рацете пред и по гласање.

На изборите за 120 места во Собранието на Република Македонија ќе учествуваат 15 коалиции и политички партии со 1.560 кандидати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.