Сакам да се обратам до чесниот и неопределен македонски народ и до нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите останати кои знам дека разбираат дека на Македонците им е згазено достоинството и ни треба поддршка. Знам дека сите вие сте напатени со милион проблеми, со лажни ветувања, се чувствувате измамени. Сега е време да се разбудиме зошто сега е моментот да промениме нешто, затоа што подоцна ќе биде предоцна. Нема да можеме да градиме држава, ако ја загубиме. Нема да можеме да создаваме иднина ако не се спротивставиме на сегашноста.
Но, можеме да постигнеме се само ако бидеме заедно – посочи лидеротна ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест поради пробугарските ставови на премиерот Зоран Заев, искажани во интервју за бугарската БГНЕС.
Понатаму тој додава:
Ние сме за пријателство со соседите. Ние сме за соработка. Но, не пријателство на свиткана кичма. Пријателството подразбира да си подадеме рака, да се погледнеме меѓусебе и да си помагаме. Ниту Бугарите немаат фајде од тоа ако не понижат. А особено боли кога, како што вчера уште еднаш посведочи цела Македонија, кога понижувањето доаѓа од својот род.
Мицкоски побара извинување на Заев за навредите врз македонските граѓани.
Барам Заев под итно јавно да се извини за своите ставови изнесени на бугарскиот медиум, за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои. Тоа не е став на Македонија. Нема право да го урива наследството и придобивките оставени и наследени од нашите претходници и предци. Совршено е јасно дека Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Затоа, бараме итна и неотповиклива-оставка од Заев! Оставка веднаш! – рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.