Протерувањето на македонскиот дипломат од Русија ќе има негативно влијание врз односите меѓу Москва и Скопје, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Жалиме поради неправедната одлука на руското Министерство за надворешни работи, но тоа е чисто реципрочна политичка одлука. Ова несомнено ќе има негативни последици врз билатералните односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација“, рече Османи.

Претходно, рускиот ресор за надворешна политика објави дека Москва прогласила еден вработен во македонската амбасада во Москва за персона нон грата, како контрамерка.

Мерката е одговор на одлуката во мај оваа година да се прогласи дипломат на руската амбасада во Скопје за персона нон грата, беше објаснето во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.