Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи излезе со коментар на прославата на навивачката група Шверцери во МНТ.Тој смета  изјави дека премногу се дигнало врева околу настанот. Според него, станува збор само за несоодветно избрано место за прослава на таков наслов.

-Се дига премногу врева, тоа не е најсоодветно место за прославување таков настан. Од медиумите видовме дека нема толкав проблем за да се предизвика врева. Имаше повеќе гласно навивање во несоодветен простор и ништо повеќе од тоа. Не треба од секоја ситуација да создаваме предуслови за дебата која може да повлече меѓуетнички тензии, поготово ако немало демолирање како што можевме да видиме од извештаите. Треба да се научи лекцијата за нареден пат, вели Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.