Министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека ДУИ нема разлики во однос на содржината на предлог Резолуцијата за Бугарија која се очекува ВМРО-ДПМНЕ да ја достави во Собранието.
-Ако оваа Резолуција донесе конструктивност од страна на опозицијата во заедничкиот ангажман да ја надминеме оваа пречка. Ако донесе некаква предвлидливост кај граѓаните, тоа што ние се обидовме на секој јавен настап да ги увериме граѓаните, дека не разговараме за прашања кои се вон тие наши позиции коишто се и тука преточени во овој документ, а се и владини позиции од првиот ден. За мене беше клучно дека не смее да се донесе Резолуција ако нема поддршка од сите политички партии, зашто тука почнува проблемот. Доколку тука се појави дисонантност, тоа што го изградивме досега како државна позиција, да почнат разговори, само ќе ни ја ослаби позицијата, рече Османи.
Вели дека Резолуцијата не е одбиена, туку е укажано од старт дека додека не се постигне согласност нема да добие поддршка од ДУИ.
-Замислете оваа Резолуција да помине во Собранието без гласовите од пратениците од другите етнички заедници. Каква порака даваме пред Бугарија? Каква порака даваме пред светот? Дека имаме етнички позиции визави државните? Мислам дека најголемата придобивка, иако не успеавме да ја тргнеме блокадата и не успеавме да ги започнеме преговорите, но тоа што го создадовме во овие осум месеци како процес на солидаризација, на унифицирање на ставовите на сите етнички заедници е сериозно постигнување, рече Османи, додавајќи не било лесно да се изгради тој консензус.
Вели дека кога ДУИ ќе ја поддржи Резолуцијата многу покредибилна ќе биде позицијата на Македонија. Во однос на Резолуцијата која Бугарија ја донесе во нивниот Парламент, Османи рече дека Софија е во многу покомотна ситуација со оглед на тоа што таа е членка на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.