Хади Османи, координатор за меѓуетнички прашања на СДСМ во Куманово, по тесното водство на Стево Пендаровски пред Гордана Силјановска Давкова од ВМРО ДПМНЕ, упати критичка порака до своите сопартијци:

Шамар кој треба да не опамети – вели Османи.

Вечерва не треба да прославиме победа над Сиљановска, не заслужуваме ниту да спиеме. Денеска до сабајле треба да молиме за прошка што како партија СДСМ и влада згрешивме кон албанскиот народ во Македонија, амнестирајќи или ќутејќи пред криминалот во албанскиот политички блок. Треба да се молиме Господ и Албанците да ни простат за коалицијата на локалните избори 2017 година, за подршката што им ја дадовме на криминалците од Струга до Липково. Треба да бараме прошка што за кејф на тие криминалци ја избркавме Алијанса и ги зедовме криминалците од ДПА и ДУИ. Звучи слабост, но тоа е реалност. Треба да се опаметиме. Заборавивме сите дека Албанците го симнаа од власт Груевски и неговите криминалци, а ние возвративме со подршка за соработниците на Груевски. И денеска, соработниците на Груевски нѐ бојкотираа, а нам Албанците и албанската опозиција ни дадоа шамар, не казнија и се надевам не опаметија. Вистински победник вечерва е Блерим Река кој без подршката на државна машинерија, без подршка на криминал, без многу пари ги доби најголемиот број албански гласови од оние кои што останале во земјава. Секој кој ке се обиде да мисли поинаку, да ја игнорира оваа вистина, ќе плати поскапо од што плативме вечерва. Замислете, падна Арачиново, изгубивме од Река во секоја албанска општина. Уште ли ке продолжиме да се правдаме дека бројките нѐ принудуваат за коалиции и амнестии? – напиша Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.