Да ги расчистиме сите дилеми – нема нов договор, нема нов анекс на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Душко Арсовски.  

 Одговарајќи на новинарско прашање во однос на македонскиот јазик, Арсовски појасни дека тој е точно заведен токму во овој Договор и додаде оти таму не постојат дилеми.  

-Во однос на историјата, тоа е работа на Комисијата за историски прашања која според она што го гледаме деновиве ја интензивира работата, рече владиниот портарол.

Само пред неколку дена, министерот за надворешни работи потврди дека ќе има Анекс на Договорот за добрососедство со Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.