Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре и задутре ќе учествува на редовниот состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за надворешни работи, што по пауза од една година заради Ковид-19 пандемијата ќе се одржи со физичко присуство во седиштето на Алијансата.
Дисkусијата на состанокот е предвидено да вклучи прашања од приоритетен интерес за НАТО, како што се состојбите во Авганистан, влијанието на глобалните геостратешки односи врз безбедноста на евро-атлантската област, како и пошироката регионална стабилност, соопшти Министерството за надворешни работи.
Од МНР додаваат дека министрите за надворешни работи ќе се осврнат и на развојот на агендата во врска со „НАТО 2030“, а се очекува да дадат свои коментари и сугестии во однос на идната геостратешка улога на Алијансата и справувањето со идните безбедносни предизвици, како и да одобрат неколку одлуки во врска со темите што се предмет на дискусија.
Министерот Османи, ќе биде прв политички претставник од Македонија кој физички ќе присуствува на состанок на Северно-атлантскиот совет од зачленувањето на нашата земја во НАТО, во март минатата година, што ќе биде искористено да оствари и неколку билатерални средби со министри за надворешни работи на земји-членки на НАТО и партнери, истакнаа од МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.