Почнаа со работа базните и мобилните станици за изработка и достава на патните исправи на државјаните на Република Македонија, кои што живеат и работат во странство, објави денеска на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Со новата опрема во нашите дипломатски и конзуларни претставништва, постапката за подигнување на патни исправи е олеснета и скратена, за што сведочат и нашите државјани во Словенија и амбасадорката, Сузана Зеленковска, додава Османи.
Тој во објавата потсетува дека МНР во август оваа година ги промовираше деветте базни станици и четирите мобилни станици, кои се поставени во земјите каде што повеќе е концентрирана нашата дијаспора.
Подобрувањето на услугите за дијаспората е еден од клучните приоритети за мене, како министер за надворешни работи, за чија реализација со мојот тим вложуваме максимални напори, наведува Османи во објавата на Фејсбук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.