Комисијата за заразни болести сѐ уште проценува дали треба да укине забраната за јавниот превоз во тетовскиот регион, вели главниот координатор на кризните штабови на општините и вицепремиер за европски прашања Бујар Османи.
Според него, позитивна одлука е можна за неколку дена, а во таков случај луѓето мора да имаат лична заштита.
Имаше барање од локалниот кризен штаб во Тетово за отворање на јавниот транспорт. Тоа барање, како координатор го пренесов до главниот кризен штаб. Комисијата за заразни болести констатираше дека ѝ требаат уште неколку дена за да го види трендот на бројките во Тетово, па после да ја донесе одлуката. Ќе чекаме уште некој ден и ќе видиме кој е трендот и верувам дека Комисијата ќе донесе мерка за олеснување на превозот“, изјави Османи во тетовско Теарце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.