Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи преку Фејсбук им порача на партиите на Албанците дека изборите биле фер и демократски, напразно да не обвинуваат за нерегуларности, туку да се здружат и да го изберат првиот премиер Албанец.
Надминете го гневот од резултатите од изборите, не обвинувајте ги Албанците за вашиот неуспех, имавте претставници на секое избирачко место и секој од нив го одобри и потпиша записникот за регуларноста на процесот. Вие исто така знаете дека ниту едно гласање нема да биде злоупотребено, теоретски или практично. Имаше илјадници локални и меѓународни набудувачи кои немаа забелешки. Оставете ги овие празни разговори што ве прават да изгледате уште полошо. Ајде да се собереме и да го избереме првиот премиер Албанец. Не ја пропуштајте оваа можност, не бидете на погрешна страна на историјата. Албанците го очекуваат ова од вас и од нас, напиша Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.