„Со оглед на тоа што заразата веќе не е сконцентрирана само на неколку точки, туку се работи за епидемиолошка слика која и просторно и географски се шири, улогата на општинските кризни штабови станува сè поважна, како за заштита на граѓаните, така и за севкупниот успех во справувањето со епидемијата и враќањето на состојбата во некаква нормала”, истакна Османи, притоа нагласувајќи дека Владата и во иднина ќе стави на располагање дополнителни ресурси за да им помогнат на општинските локални штабови, со што непосредно ќе им помогнат и на граѓаните.По вчерашниот повик на градоначалникот на Прилеп за поголем ангажман на Армијата на Македонија, Армијата, рече Шекеринска, ќе му помогне на Прилеп, но и прилепчани треба да ги почитуваат мерките.
„Денеска е веќе забележително дека Армијата почна да функционира на еден нов начин. Уште од петокот, касарните започнаа да даваат поддршка на општините, кои бараат таква поддршка. Денеска, може да се види дека и во Прилеп и во Куманово, Армијата презеде активности со кои ја поддржува општината, но пред сè влијае на одржување и обезбедување на сите мерки за безбедност од страна на граѓаните во секојдневниот живот”, подвлече Шекеринска.
Министерката рече дека иако мерките го усложниле секојдневното живеење, тие мора да се почитуваат затоа што се за колективно добро.
„Задачата на Армијата и на припадниците, денеска во Прилеп не е за да се создаде страв, туку почитта која ја уживаат кај граѓаните да помогне при создавањето на ред. Сакам да ѝ честитам на општината, која е можеби прва во државата која ги обележа местата пред маркетите и банките, со што им препорачува на граѓаните каде да стојат и да ја почитуваат дистанцата”, рече Шекеринска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.