Министерот за внатрешни работи Бујар Османи, се сретна со бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Kако што објави Османи на својот Фејсбук профил, средбата се одржала на аеродромот во Софија.
Од Кабинетот на Османи соопштија дека тој денеска е во работна посета на Швајцарија и на Шпанија. Работните посети на Швајцарија и Шпанија се дел од дипломатските активности за презентација на европското досие на земјата, но и во насока на мобилизација на нашата дијаспора за вклучување во процесот на самопопишување во рамките на Попис 2021.
Шефот на дипломатијата вчера на прес-конференција изјави дека решавањето на спорните прашања со соседна Бугарија не се издигнати како услов на Европската Унија за отпочнување на преговори за членство. Според него, инсистирањето на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ова прашање да се реши побрзо доаѓа поради фактот што, како што рече, сите одлуки во Унијата се носат со консензус и оти се додека нема согласност од Бугарија процесот на преговори не може да почне.
Османи изјави дека засега нема ништо ново во однос на разговорите со Бугарија, а нашиот фокус, во моментов е на работите од Договорот со Бугарија за кои имаме помалку разлики, бидејќи, како што истакна, јасно е дека политиката во Софија е фокусирана на нивните внатрешни прашања и изборите кои наскоро ќе се одржат.
Но добро е во текот на овој период да се искористат деновите да се искомуницираат институциите што се однесува до секторските политики – изјави вчера Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.