Повредените во автобуската нерсеќа според информациите на лекарите се во добра здравствена состојба. Завршени се дел од операциите, а дел ќе бидат завршени денеска, вели за МИА министерот за надворешни работи Бујар Османи пред болницата „Пирогов“ во Софија.

Османи информира дека доаѓа во болницата да ги посети и да искомуницира со повредените, како и да ја олесни комуникациијата со смејствата и институциите во Бугарија, за да може да се забрза процесот на идфентификација на жртвите.

Прашан во врска со истрагата, Османи посочува дека е таа почната од институциите во Бугарија.

Мислам дека институциите во Бугарија ја имаат ппочнато. Тука се и нашите експерти и доколку треба да помогнат, тука се и експертите од судска медицина. Очекуваме да бидат вклучени во процесот на идентификација. Важно е семејствата да бидат информирани на време и што побрзо да се заврши овој процес за да може посмртните останки на настраданите да ги пренесеме во Скопје – изјави Османи.

Во однос на тоа што може да се направи на дипломатски план, Османи вели дека веќе се испратени двајца искусни дипломати-конзуларци во Амбасадата за да можат да им помогнат на луѓето.

Денеска ќе бидам тука и јас, а веројатно и утре за да се олесни координацијата и комуникацијата. Многу е важно се да се заврши навремено и луѓето да бидат информирани –  нагласува Османи.

Тој потврди дека имаат помош од бугарските власт и се во постојана комуникација.

Да, апсолутно уште вчера вопоставивме јасна координција меѓу институциите, цело време сме во комуникација и очекуваме така да продолжи и понатаму – изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.