угарија не планира да го попречува процесот на Македонија за почеток на преговори со Европската Унија, смета вицепремиерот Бујар Османи. Коментирајќи ги отворените прашања со земјата, тој вели дека Бугарија имала одредени забелешки, но дека нема намера да го блокира процесот бидејќи, како што вели, ако сакала тоа можела да го направи уште на Самитот во март.

„Дел од забелешката на Бугарија на Самитот во март беше едностран акт кој беше вметнат во записникот како мислење на една земја членка, но не и во заклучоците кои го претставуваат мислењето на сите земји членки. Што значи дека во заклучоците од Самитот во март нема став на целата Унија по однос на ова прашање. Меѓутоа, се разбира дека ние сме го потпишале Договорот за добрососедство со Бугарија и ние имаме обврска да го исполниме тој договор, вклучувајќи и позитивни резултати од комисиите кои расправаат за историските теми“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.