Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека организацијата на 20-годишниот јубилеј од Охридскиот Рамковен договор ќе се одвива според протоколите кои ќе важат за актуелниот период.

Прашањето на епидемијата е прашање на наука, не на политичка интерпретација. Ако здравствените власти сметаат дека до одреден период може да се прават собири, ние ќе ги почитуваме тековните протоколи, а ќе ги почитуваме и одлуките на здравствената комисија доколку смета дека треба да се спречи одржувањето на собири. Ниту еден политичар нема да постапи различно од советите на здравствената комисија – изјави Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.