Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на виртуелниот министерски состанок на Алијансата за мултилатерализмот во организација на Министерот за Европа и надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дријан и Федералниот министер за надворешни работи на СР Германија, Хајко Маас, на маргините на 75. Генерално собрание на Обединетите нации.
Како 30. земја-членка на НАТО и земја во пресрет на формално отпочнување на преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината, Македонија со нова посветеност и решителност ќе продолжи со своите заложби за промоција на безбедноста, стабилноста и одржливиот развој, глобално и регионално, заедно со своите сојузници и партнери – подвлече Османи, реафирмирајќи ја посветеноста на земјата кон мултилатералната соработка, како еден од клучните приоритетите на надворешната политика на земјава.
На министерскиот состанок, посветен на зајакнувањето на мултилатерализмот, била изразена силна поддршка на меѓународната соработка, меѓународниот правен поредок и меѓународните институции во функција на заедничко и координирано надминување на глобалните предизвици, со посебен фокус на пандемијата.
Исто така беа разгледани повеќе иницијативи во однос на меѓународната соработка во сегментот на здравството, климатските промени, сајбер-безбедноста и родовите аспекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.