Извештајот на министерот за надворешни работи Бујар Османи за остварувањето на надворешната политика и меѓународната положба на Република Македонија, е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за надворешна политика.

Се очекува, меѓу останатото, Османи да се осврне и на активностите на македонската дипломатија по ветото од Бугарија за одржување на меѓувладината конференција на државава со Европската унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.