Вицепремиерот Бујар Османи рече дека време е полицискиот час и затворените бизниси да се заменат со мудра комбинација од поблаги мерки.
Јас мислам дека полицискиот час треба да се замени со поблаги мерки, сега е предизвик поради Рамазан кога е традиција да се собираат луѓето за вечера. Ова е причината зошто е полицискиот час од 19 часот, за да не се собираат луѓето за Ифтар. Првиот предлог ќе биде и за викендите да се пушти од седум часот а потоа следните денови да го скратиме уште повеќе полицискиот час, рече Османи во емисијата „10 минути„ на ТВ21.
Дали ќе се отворат верските објекти, како црквите и џамиите, Османи рече дека Владата не ги затворила нив, туку дала препораки да не се посетуваат. Тој додаде дека ублажувањето на мерките и враќањето во нормала зависи од граѓаните како ќе се однесуваат и дали ќе се придржуваат до мерката носење маски и ракавици како и да одржуваат растојание. Поблаги мерки вчера побара и АА. Според оваа партија полицискиот час треба да почнува во 23 часот и да трае до 5 часот изутрина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.