Бујар Османи од ДУИ на ТВ21 ги поздрави изјавите на коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива, кои велат не ја исклучуваат можноста да се седне на маса и да се преговара и со ДУИ.
Според Османи, многу е важно да има согласнот за оваа, како што ја нарече, албанска платформа во политичката трка, која треба да биде постојана за албанската политика, а ова за него се петте главни столба за преговори меѓу албанските партии:
1. На изборите не се тркаме со повеќе од две листи.
2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини.
3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор.
4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006).
5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии, истакна Бујар Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.