Рамковниот договор е најуспешниот меѓународно посредуван договор на просторите на поранешна Југославија, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

-Ако ги споредиме сите мировни договори во регионот во последните 20, 30 години, единствениот договор кој се исполни во целост, во својот легислативен дел, односно во нормативниот дел,  во делот на законите кои произлегуваат од самиот договор. Овој договор е јасно најуспешен и тоа се покажува во секојдневниот живот. Преку трансформација на оваа држава од држава во која рамката беше поставена за да прифати една етничка заедница во оваа функционална мултиетничка демократија во која живееме сега, која станува пример прво дека во регионот можни се мултиетнички функционални демократии и пример како да се решаваат сличните прашања, не само во регионот, туку и пошироко, нагласи Османи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.