Односите помеѓу Македонија и Косово се традиционално добри и не зависат од промената на Владата, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Меѓудржавните односи помеѓу Македонија и Република Косово се традиционално добри, блиски. Имаме над 25 потпишани билатерални договори кои ја покриваат секторската соработка помеѓу нашите земји, има блискост помеѓу луѓето и нашата соработка е постојана и конзистентна и не зависи од промените на владите таму или овде. Ние ја почитуваме волјата на косовското население и ќе соработуваме со институциите на Република Косово. Јас сакам да ја искористам можноста да им честитам на граѓаните на РК и на институциите за одличната организација на демократските избори и да посакам уште поблиска соработка во периодот којшто престои и на билетерална основа, но и на регионална основа за нашите заеднички напори за евроатлантска интеграција, изјави Османи на новинарско прашање по потпишувањето на Заедничка декларација за намери за соработка меѓу владите на Република Македонија и Cеверна Рајна-Вестфалија.
Апсолутен победник на завчерашните избори во Косово е досега опозициското Движење самоопределување (ВВ) на Албин Курти, со освоени 47,88 отсто од гласовите, со тоа што се уште не се преброени гласовите на дијаспората, која традиционално на последните изборни процеси гласа за ВВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.