Односите со Бугарија се на најниско ниво, има потенцијал да се врати дебатата на нормална комуникација, вели македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи.

Тој оцени дека неколкуте претходни протесни ноти од Бугарија до Македонија и повикувањето на македонскиот в.д. амбасадор во Софија на разговор ги симнале односите меѓу двете земји на најниско ниво.

„Изборите не помагаат обично во рационализација на таа дебата и не само во Бугарија. Така беше и кога ние имавме избори. Така е секогаш, изборите ги киднапираат нормалните политички дебати, но јас сум убеден дека во нашите односи има потенцијал да се врати дебатата на една нормална комуникација и меѓусебно почитување“, рече Османи.

Се надева дека е интерес и на Бугарија и на ЕУ во јуни да ги почнеме преговорите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.