Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре патува за Република Полска каде што ќе се сретне со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Збигњев Рау.

Во рамките на работната посета на Варшава, Османи ќе оствари одделнa средбa и со претседателот на Комисијата за надворешни и ЕУ работи во полскиот Сенат, Богдан Клих.

Како што соопштија од МНР, во фокус на разговорите на средбите ќе биде европската агенда на Македонија и поддршката на Полска во таа насока.

За време на средбите се очекува да се разговара и за билатералните односи, соработката во рамките на ОБСЕ, а посебен акцент ќе се стави на динамизирањето на економската соработка и трговската размена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.