Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека преговарачката рамка се носи со консензус на 27 земји членки, што значи дека било која од тие земји членки, по однос на било кое прашање, доколку не се согласува со текстот може да не го одобри и да не помине.
Тој вели дека тие тоа го презентираат како блокада или вето, односно и граѓаните така го разбираат затоа што всушност тоа е баш тоа – не одобрување на текстот на преговарачката рамка.
Во целиот овој период се прават разговори со сите 27 земји членки коишто додаваат разни амандмани на текстот, бараат повлекување на некој збор, некоја реченица и сето тоа го менаџира германското претседателство коешто комуницира со сите земји членки и како реагираат земјите членки по однос на текстот така германското претседателство нуди компромисни решенија со тоа што на крај преговарачката рамка мора да ја прифати земјата за која се однесува, што значи дека не може да се одобри рамка којашто не е прифатлива за нас и од тука потребата, во овој период до објавување на рамката, да се одржат консултации и со нас, меѓутоа и земјите членки помеѓу себе по однос на финалниот текст којшто треба да го одобри Советот за општи работи, посочува Османи.
Тој додава дека прво Комисијата дала предлог текст којшто за нив бил прифатлив и покрајтоа што бил многу построг во однос на претходните текстови во преговарачката рамка на други земји.
Прво Комисијата даде предлог текст, којшто за нас беше прифатлив и покрај тоа што беше многу построг во однос на претходните текстови на преговарачката рамка за други држави бидејќи беа воведени новите принципи според новата методологија, меѓутоа ние кажувавме јасно дека ние не бегаме од постриктен процес затоа што не влегуваме во овој процес на преговори само за да прескокнеме некоја фаза или да го поминеме полесниот пат туку напротив, да се соочиме со трансформација на државата и да ја спремиме за членство во Европската Унија“, порачува Османи во “10 Минути“ на ТВ21.
Тој порачува дека членството не е само бирократски процес, туку тој се однесува на споделени фундаментални вредности на Европската унија и некојаш се случува преку интервенции, кои не се однесуваат на условеноста и транформацијата, коишто можат да бидат во спротивно од фундаменталните вредности на ЕУ и тогаш се создаваат вакви проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.