Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи по средбата со Генералниот совет на партијата, изјави дека граѓаните во Македонија треба да бидат мирни бидејќи лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе ја одржува безбедноста во државата.
Сега мора да се одреди курсот на иднината на оваа земја. Сега е важно да се донесе одлука која ќе ја врати стабилноста на земјата. ДУИ е тука која во овие политички игри секогаш знае да го одржи интересот на државата. Граѓаните да бидат мирни бидејќи Али Ахмети ќе ја одржува безбедноста во државата. Али Ахмети ќе се сретне со сите освен со оние кои се против Албанците, изјави Османи за медиумите.
Едногласно, додаде Османи, било потврдено од сите членови на Генералниот совет дека евроатлантскиот курс на Македонија е без алтернатива.
Генералниот совет едногласно го овласти претседателот Али Ахмети да продолжи со разговорите со сите политички партии за одржување на евроатлантскиот курс на земјата, се разбира освен оние кои се во директен судир со интересите на граѓаните со евроатлантски вредности. Значи, овие разговори ќе продолжи да ги води претседателот Ахмети, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, по состанокот на Генералниот совет на ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.