Очекувам сите да бидат активни во споделувањето на информации со нашите луѓе во дијаспората за попишувањето, процесот е лесен, а ќе овозможи бенефиции пред се за нив, затоа што точните бројки нас ќе ни ги утврдат приоиритетите за дистрибуриање на нашите дипломатско-конзуларни претставништва, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали е потребен поголем ангажман за информирање на нашата дијаспора во Австралија.

Османи нагласи дека има многу практични причини зошто треба дијаспората да се попише, а како конкретен пример го посочи прашањето за базните станици за пасошите.

– Досега преку мобилни екипи ги праќаме нашите дипломати за да сликаат неколку дена и повторно се враќаат. Тоа значи дека нашите граѓани треба да чекаат кога ќе биде терминот да стигне екипа од Скопје за да се сликаат. Сега направивме базни станици што ќе бидат 24 часа во текот на целата година во амбасадите за да можат граѓаните да се сликаат во текот на целата година. Начинот на кој ќе ги обезбедуваме овие базни станици ќе зависи од бројот на попишани граѓани, што значи дека ќе бидат однесени таму каде повеќе се попишани затоа што сметаме оти има повеќе од нашата дијаспора, изјави министерот за надворешни работи Османи, по денешниот тематски работен состанок со шефовите на ДКП на акредитирани во земјите членки на ЕУ и постојаните претставништва во Унијата и НАТО.

Османи повтори дека МНР ги ангажирало сите свои механизми и ресурси за да стигне вистинската информација до граѓаните, за што, како што рече, задоволство изразиле и и одредени претставници на здруженија. Тој подвлече дека нашите дипломатско-конзуларни претставништа имаат спроведено и други активности, како што се отворање телефонски линии за помош на граѓаните и средби, со цел да се организира нашата дијаспора и да се попише.

– Има се уште временски период за да се попишат граѓаните, но има и друг механизам, а тоа да се попишат од нивните роднини и пријатели овде во државата, рече министерот Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.