Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој е и портпарол на ДУИ, денеска изјави дека прашањето за објавените прислушувани телефонски разговори во кои наводно се слушаат гласови на високи членови на партијата, треба да го разгледуваат институциите кои треба да ја гарантираат приватната комуникација. Османи рече дека во ДУИ ова прашање не било разговарано и дека нема да коментираат приватни разговори.

Во ДУИ ова прашање воопшто не е разгледано, ниту во никаква форма анализирано, бидејќи сметаме дека не е прашање што треба партијата да го разгледа, ниту не засега. Тоа е прашање на институциите коишто треба да ја гарантираат приватната комуникација и тоа институциите треба да го сторат. Апсолутно немаме никаква вознемиреност во тој дел ниту нешто посебно правиме, бидејќи тоа не е надлежност ниту на ДУИ, ниту на другите политички партии. Тоа е прашање на институциите. ДУИ била предмет на специјални војни од кога постои, но од сите предизвици излегла секогаш посилна, рече Османи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.