Кривичниот суд – Скопје не дозволи вицепремиерот Бујар Османи и заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу да го посетат поранешниот член на ОНА, Томор Морина кој е во притвор во Скопје.

Во изјава за ТВ21 Османи рече тој вели дека ја почитува судската одлука, но дека сепак пронашол начин да му се обрати на Морина и да му даде до знаење дека прават сѐ за да не биде екстрадиран во Србија.

Најдов начин да му испратам порака на господинот Морина дека ги активиравме сите домашни механизми за да ја разјасниме ситуацијата и што поскоро да се донесе позитивна одлука за него и да се гарантира дека нема теоретски шанси да биде екстрадиран во Србија, како и дека она за што се ангажирам е да биде ослободен од притвор додека не завршат постапките во Министерството за правда и додека министерството не донесе одлука дека нема да биде екстрадиран – рече Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.