Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се сретна со Филип Рикер, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и со Метју Палмер заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот.
За нас САД се наши долгогодишни стратешки сојузници и партнери. Новиот пристап на американската администрација, за повторно заживување на трансатлантското партнерство, ни создава многу можности што треба да ги искористиме за да ја поттикнеме регионалната стабилност. Како двајца сојузници во НАТО, целта е да ги зајакнеме нашите односи во областите на безбедноста, одбраната, демократското функционирање на институциите, борбата против глобалниот тероризам, слободната пазарна економија и да ги прошириме на можностите за деловните активности на двете земји, истакнал Османи на средбата.
Од МНР соопштија дека на средбата, на маса било ставено и европското досие на Македонија, при што било посочено дека одлуката за официјален старт на преговорите со ЕУ не смее повеќе да се одолжува од причина што земјата ги има исполнето сите потребни услови и критериуми за да тоа се случи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.