Непосредно пред европскиот самит во декември на кој повторно ќе се разгледува дали Македонија и Албанија ќе почнат преговори со Европската Унија, шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во разговор за Топ тема на Телма, вели дека не очекува во декември да се случи раздвојување на Албанија и Македонија.

Се надевам дека сериозноста ќе биде на последиците од ова одложување, ова неефектуирање на сопствените одлуки од страна на ЕУ, кои што значително ќе влијаат на довербата на самата унија во регионот и ќе доведе до ситуација и двете држави да почнат најкасно во јануари со преговорите, рече Османи.

Со шефот на дипломатијата Бујар Османи, Сања Васиќ разговара и за тоа дали има нови иницијатива, што се очекува, но и за актулената политичка ситуација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.