Бујар Османи од Демократската унија за интеграција во своето денешно излагање во емисијата „360 степени“ на Алсат ја нарече непринципиелна соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците и Алтернатива. Според него, оваа соработка е направена од „фрустрации и потреба од моќ“.
„Оваа коалиција сега се рефлектира во поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ од Алијансата за Албанците во Кичево, против кандидатот на ДУИ, другиот во Брвеница, против независен кандидат“, рече меѓу другото Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.