Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе се сретне известителот во Европскиот парламент за Република Македонија, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој е во дводневна посета на земјава.
– Посетата се реализира во пресрет на гласањето за Нацрт-резолуцијата за Република Македонија во Комитетот за надворешни работи во рамките на Европскиот парламент, што ќе биде и централна тема на сите средби. Ќе бидат отворени европските перспективи на земјава, како и севкупните состојби со процесот на проширување на Унијата, информира Министерството за надворешни работи.
Во рамките на посетата на земјава, покрај со министерот за надворешни работи Османи, Ќучук се сретне и со шефот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, претставници на парламентарните групи и со други државно-политички претставници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.