Воспоставивме директни контакти со властите на Бугарија, во МНР се активираше работна група во врска со спрауввањето со последиците од оваа трагедија. Во текот на денот овозможивме измена на ковид протоколите со што членовите на семејствата кои имаа потреба да патуваат до Софија ја имаа можноста да отидат без ковид протоколите. Беа контактирани сите семејства на загинатите за детално информирање, исто така и семејствата на повредените, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Дадов насока да се пратат 2 искусни дипломати во Софија со што се зголемува човечкиот капацитет на нашата амбасада во Софија со цел да се помогне во идентификација на жртвите од трагедијата. Утре продолжуваме со сите активности. Правосудните институции се веќе во контакт за извршување идентификација на телата. Што и да направиме денес не можеме да ја надоместиме загубата ниту да ја покриеме тагата. Цели фамилии од денес веќе не се со нас. Ние како МНР ќе им обезбедиме на семејствата достоинство со цел прво да ги добијат вистинските и прецизни информации и префрлување на телата во Скопје, рече Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.