Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска изјави дека планира да контактира со семејствата на загинатите во автобуската несреќа што се случи во Бугарија.

– Денеска планирам да контактирам со семејствата бидејќи сакам да знам кои се нивните очекувања по однос на пренесувањето на телата и процедурите понатаму, за да можеме да го направиме овој акциски план, изјави Османи.

На новинарско прашање за комуникацијата со бугарското МНР околу испраќањето на останките од телата на починатите, Османи изјави дека се во постојана комуникација и ги прават подготовките и плановите за пренесување.

– Беше најавено една недела од случувањето на несреќата, меѓутоа има различни проекции, дека може да биде еден ден потоа, до крајот на неделата. Така што, не можеме точно да знаеме бидејќи сето тоа ќе зависи како во лабораторија ќе се одвива процесот на идентификација преку ДНК материјалите, изјави Османи.

Дополни дека очекуваат тоа да биде во текот на неделата, меѓутоа, точниот датум, како што кажа, „сè уште не можат да го потврдат“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.