Јас сум сигурен дека бројот на заголени од корона вирусот е поголем од од овие досега потврдени 570. Зошто? Затоа што 80 проценти од заболените го поминуваат асимптоматски – рече вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој воедно е и поранешен министер за здравство за време на пандемијата со свински грип.

Тој во емисијата “Клик Плус“ на Тв21 истакна дека, по овој основ го советувал министерот Филипче, при што му сугерирал дека првата работа што сега треба да ја направат, како мала држава, е да се поврзат со големите држави, за во моментот кога ќе излезе вакцината, да може да ја купиме заедно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.