Вицепремиерот Бујар Османи очекува позитивна динамика во однос на членството на Македонија во ЕУ, но сепак е внимателен во однос на ветувањата или спомнувањето на конкретни датуми. Османи во емисијата “200“ на Алсат рече дека земјата е подготвена да ја прифати новата методологија предложена од Франција, но само ако со неа се предвидува полноправно членство. Во емисијата Османи зборуваше и за можните коалиции на ДУИ, но кажа дека најверојатно нема да има предизборна коалиција со СДСМ. Османи одговори и на обвинувањата на опозицијата и јавноста на сметка на нивните функционери за корупција.
Јас мислам дека секој од нас, секоја политичка партија прво треба излезе пред граѓаните да ја добие довербата од граѓаните, а потоа да се разговара за коалиции. Ја исклучувам можноста за коалиција со СДСМ, ние имаме соработка. Јас сум против концептот на деетнизирање на албанската политичка сцена во Македонија, односно не албанска, туку било која политичка сцена да се деетнизира, истакна Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.