Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Албанија, Мими Кодели, придружена од група пратеници, кои престојуваат во работна посета на Република Македонија.
Kако што соопшти МНР, Османи ја искористиl приликата да упати честитки до Албанија за неодамнешниот избор како непостојана членка во Советот за Безбедност за период 2022/23 година, потенцирајќи ја важноста на овој дипломатски успех за целиот регион.
На средбата се разговараlo и за активностите и соработката на двете земји во рамките на бројните регионални инцијативи, при што беше изразена поддршка и за трилатералната Иницијатива 8 за поблиска соработка меѓу трите земји вдолж Коридорот осум, кои ги поврзуваат Јадранското и Црното море, Македонија, Албанија и Бугарија.
Соговорниците изразиle силна меѓусебна поддршка за напредок во европските интеграции, потенцирајќи ја подготвеноста на двете земји за почеток на преговорите.
Македонија и Албанија направија сериозен исчекор во однос на своите внатрешни реформи и институционално приближување кон ЕУ, за што е добиена заслужена одлука за почеток на пристапните преговори. Секое одложување на оваа одлука создава политичка непредвидливост која го нагрoзува европскиот кредибилитет во регионот – потенцирал Османи, изразувајќи задоволство од взаемната поддршка меѓу двете земји за нивните европски амбиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.