Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ја прими Невена Јовановиќ, новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Србија во земјава, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма.

Министерот Османи на амбасадорот Јовановиќ ѝ изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат ќе бидат вложени напори односите да бидат збогатени со нови содржини од заемен интерес. Покрај редовниот политички дијалог и меѓусебни консултации, во функција на надградба и продлабочување на добрососедските односи, се очекува приоритет да биде ставен на економската соработка и конкретните билатерални и регионални проекти, како инфраструктурното поврзување и отворањето нови гранични премини, со цел олеснување на севкупната размена и комуникација меѓу двете пријателски земји – соопштија од МНР.

Османи ја повторил благодарноста за помошта од Србија за време на хуманитарната криза предизвикана од пандемијата Ковид–19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.