Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ Бујар Османи вечерва во дебатниот магазин ‘КликПлус’ на ТВ21 истакна дека мнозинството е загарантирано и оти имаат 61 пратеник.
На својот веб – портал ТВ 21 напиша:
„Османи не сакаше да зборува за имиња и детали. Побара разбирање да се почекаат неколку денови: ‘Не е коректно јас да зборувам во името на оние што треба да се појават. Да почекаме уште малку.’ Тој истакна дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети се сретнал со лидерот на Алтернатива Африм Гаши: ‘Како што Заев се среќава со пратеници, така и Али Ахмети. Конкретно се има сретнато со Африм Гаши.’ Министерот не прецизираше кога и каде се одржала оваа средба.“
„Во дебатниот магазин ‘КликПлус’ Османи посочи дека не се известени од премиерот Заев оти ќе има нов мандатар: ‘Имаме договор со Заев како со премиер, а не како со градоначалник на Струмица. Тој барем уште некое време ќе треба да ја води Владата. Тоа го кажа и претседателот Ахмети во ова исто студио во ТВ21. Не знаеме што ќе прави Заев во партијата и кој ќе биде лидер таму. Не не интересира кој ќе биде лидер на СДСМ. Тоа е нивно внатрепартиско прашање. Заев може да ги почне процесите во партијата, но, во Владата ние имаме заеднички договор и заеднички одговорности. Ние имаме договор со Заев и не сме известени дека ќе има друг мандатар. Во овој период само Заев е решение.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.