Министерот за надворешни работи Бујар Османи и изрази поддршка на неговата бугарска колешка, Екатерина Захариева, за справување со случајот со откриената група за шпионажа, која пренесуваше информации за Бугарија, ЕУ и НАТО на Русија,.
-Силна поддршка за суверенитетот на Бугарија, нашиот сосед и сојузник во НАТО. Република Македонија ги осудива сите малигни активности на територијата на Република Бугарија, напиша Османи на неговиот твитер налог обраќајќи се до Захариева.
Бугарското Државно обвинителство соопшти дека е откриена криминална група за шпионажа во корист на Русија. Таа била раководена од поранешниот шеф на бугарското воено разузнавање, кој во 1970-тите дипломираше на училиштето ГРУ во поранешниот Советски сојуз, кого Обвинителството го нарече „резидент“.Тој регрутирал лица кои имале пристап до класифицирани информации важни за Бугарија, ЕУ и НАТО,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.