Очекуваме јасна одлука за отпочнување на преговори со ЕУ, затоа што ова е единствениот правилен епилог на овој процес којшто не се засновал на политички премостувања.

Ова го истакна вицепремиерот Бујар Османи на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции.

Тој посочи дека очите на 20 милиони жители од Западен Балкан се насочени кон Брисел и очекуваат каков одговор ќе добие Македонија и дали ЕУ ќе го одржи зборот за да се сочува перспективата на оваа земја.

– Граѓаните на Косово очекуваат каков одговор ќе добие Македонија и да видат дали се исплати да пристапат на дијалог за компромис со Србија, а очите на осум милиони граѓани од Србија се насочени кон Брисел да видат каков одговор ќе добие Македонија, рече Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.