Не постои никаков Анекс на Договорот со 12 точки кои што го спомнува бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, тврди за ТВ21 министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој вели дека од официјална Софија очекуваат одговор за Акцискиот план кој што и испратен во Бугарија уште во ноември минатата година, но друг документ не постои. Османи вели дека изјавата на Каракачанов ја гледа како предизборна реторика.
Не постои таков документ, постојат бројни документи кои што се разменети во овие 4 месеци кои што во јавноста сме ја информирале а кои што се однесуваат на прашањата за кои што двете држави имаат одредени загрижености и кои сме ги размениле со цел да најдеме решение. Јас во принцип немам намера да одговарам на сите ставови што бугарските политичари ќе ги кажат во овој период затоа што и тие се во една предизборна атмосфера и не сакаме да бидеме дел од таа предизборна комуникација, туку ќе комуницираме официјално преку двете министерства, посочи Бујар Османи.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.