Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, порача дека гледа шанса во јунскиот самит на ЕУ за надминување на разликите со Бугарија.

Османи порача дека не зависи од нас дали до 22 јуни ќе постигнеме договор, туку дека тоа зависило од состојбите во Бугарија и можноста тие да донесат одлука.

Работиме како да јуни ни е единствена шанса, таков ни е пристапот за да можеме да ги ангажираме сите капацитети за изнаоѓање решение. Работиме за содржината на патоказот, разменуваме предлози со бугарската страна за да најдеме согласност по однос на содржината, бидејќи содржината е многу важна – информира Османи.

Тој нагласи дека предлози се разменуваат на дневна основа, но оти се уште не е постигнат договор во однос на содржината.

Имаме уште неколку дена, недели до 22-ри, меѓутоа, не можам да кажам и да потврдам дека тоа ќе се случи до 22 јуни – наласи Османи и додаде дека и словенечкото претседателство продолжува да работи со ист фокус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.