Суспендирани се дипломатските пасоши двајца дипломати кои учествуваа во „тајната мисија“ во Ерменија., Шефот на дипломатијата објасни дека едниот е пензиониран, а другиот е на годишен одмор,Тој сепак не ги кажа имињата на суспендираните.

ТВ24 дознава дека станува збор за дипломатите Владимир Сарафов и Стево Симски. Симски, заедно со Миле Миленкоски, по кого е распишана меѓународна потерница, беа уапсени во Србија кон крајот на август откако во 2018 година од Ереван со авион извлекле познат ерменски бизнисмен, брат на поранешен претседател на земјата.

Османи по скандалот најави вето во Министерството за надворешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.