Според шефот на македонската дипломатија Бујар Османи позициите на Македонија се јасни, но нетреба да се очекува во вторник да се затвори прашањето Македонија- Бугарија туку само да се задржи довербата во процесот.

-Доколку двете земји до вторник не се усогласат и тоа го стават на хартија на онлајн конференцијата на Советот на ЕУ за општи работи нема да се одлучува за Македонија, објасни министерот Османи.

Османи денеска потврди дека ги користел услугите како советник на професорот и прв македонски министер за надворешни работи, Денко Малески, кој пак оваа пролет во разговор за бугарската телевизија „Европа“ во емисијата „Слободна зона“, зборуваше за македонско-бугарските отворени прашања, притоа декларирајќи го Крсте Петков Мисирков за Бугарин,а Гоце Делчев со бугарско национално чувство, на што наиде на критки кај овдешната стручна јавност и публика.

Малески во колумна наведе дека Македонците и Бугарите биле еден народ и оти Илинденското востание били обичен „бунт“ на бугарското население. Потоа Малески во изјава за бугарски медиуми сега ги бугаризираше и Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков.

На прашање на новинарот што биле Делчев и Мисирков, Малески одговара дека не постојат сомнежи дека тие биле „Блгари“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.